Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана

Министерството за одбрана и вооружени сили на Република Франција денес во Битола го одликуваше со Сребрен медал за национална одбрана, полковникот Кире Николовски.
На свечена церемонија што се одржа во присуство на амбасадори и претставници на амбасади од повеќе европски држави, како и делегација на Општина Битола, полковникот Кире Николовски беше промовиран како високо стручна личност, претставник на вооружените сили на Република Северна Македонија.
-Во текот на 2023-2024 година полковник Кире Николовски од вооружените сили на Северна Македонија посетуваше обука во Воената Школа во Париз. Во текот на обуката тој извонредно се интегрираше меѓу армиската, и меѓу народната средина, во која претстави прекрасна слика за неговата татковина. Во оваа свечена пригода сакам да се заблагодарам на македонските власти што на француската армија и ја доверија обуката на високо ниво на полковникот Николовски. Тоа ќе се покаже исплатливо за неговата интероперабилност заедно со француските сили на мултилатерален и билатерален план. Полковник Кире Николовски, во име на министерот за одбрана и вооружените сили на Франција ви доделуваме Сребрен медал за национална одбрана, беше истакнато на свеченоста во Битола.
МИА
Ново на Сител
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
-

Возила на пазарна скапуваат по депоата на „Пајак“ оти Инспекторатот нема паркинг
-

Расте кредитирањето од небанкарски финансиски институции
