„Политико“: Ники Хејли е одговорна за одлуката на Трамп за иранскиот нуклеарен договор
Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли го советувала претседателот Доналд Трамп да не потврдува дека Техеран го почитува договорот за иранската нуклеарна програма, пишува „Политико“.
Весникот наведува дека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и директорот на Пентагон, Џејмс Матис го убедиле Трамп во јули да признае дека Иран го почитува договорот за нуклеарна програма, имајќи предвид дека претседателот на САД немал силни аргументи за да прогласи дека Техеран го крши договорот.
Меѓутоа, постојаната претставничка на САД во ОН подготвила терен за Трамп да не признае оти Иран се придржува кон нуклеарниот договор, додека останатите членови на администрацијата на американскиот претседател застапувале повнимателен пристап во врска со тоа прашање.
- Дозволете ми тоа да го аргументирам, истакнала Хејли за време на јулскиот состанок, по што шефот на државата се согласил.
„Политико“ наведува дека Хејли станала „внатрешен глас на Трамп“ за иранскиот нуклеарен договор и на тој начин ја зајакнала својата положба кај американскиот претседател. Инаку, се претпоставува дека Хејли е потенцијална наследничка на Рекс Тилерсон за функцијата американски државен секретар, а веројатно тоа се случува поради тензиите во односите меѓу Трамп и шефот на Стејт департментот, пишува весникот
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули