„Политика“: Косово отвора дипломатска канцеларија во Атина
Пред посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во Белград, грчки медиуми, повикувајќи се на добро упатени извори, објавија дека грчката Влада е подготвена за отворање на дипломатска канцеларија на Косово во Атина, пишува денешна „Политика“.
Весникот наведува дека грчките медиуми шпекулираат оти Коѕиас, покрај намерата да посредува во односите меѓу Белград и Приштина, размислува и за полезноста од отворањето на дипломатска канцеларија на Косово во Атина.
„Политика“ напоменува дека Атина е незадоволна од некои потези на косовската Влада, посебно по апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и есктрадицијата на десетмина турски државјани во Турција, кои АНкара ги обвинува дека се припадници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Шефот на грчката дипломатија треба да допатува во Белград, па се очекува можноста за отворање на дипломатска канцеларија на Косово во Атина, доколку излезе дека информацијата е точна, да биде една од темите на разговор со официјалните лица на Србија, пишува „Политика“.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“