Полициските синдикати со мирен протест во Битола побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски
Со мото протест низ улиците на Битола неколку полициски синдикати денеска го изразија својот револт од донесената одлука за една година ефективна казна затвор за полицаецот кој беше дел од инцидентот во септември минатата година која после сообраќајна несреќа натепа лице кое беше учесник во истата. Според полициските синдикати, казната е драконска и незаслужена и сметаат дека требаше да биде донесена ослободителна пресуда.
-Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 или 7 месеци, а некој заради ништо да биде осуден на една година затвор, бараме ослободителна пресуда, вели Гоце Делчев Тодев, независен синдикат на полицијата.
-Синдикатот на полицијата на Макеоднија апелира и бара од Апелационен суд Скопје крајно сериозно да ја разгледа и преиспита пресудата, вели Никола Криковски, синдикат на полицијата.
Велат дека ќе помогнат во обезбедување дополнителни докази и не исклучуваат повторно организирање протести. Од понеделник ќе поднесат и измени на законот за кривична постапка.
-Каде што овластените лица од редот на полицијата, како затворската полиција да се избрише членот каде што припадник на бесбедноста ќе се годи во делот на организиран криминал. Ние бараме да се води во редовна постапка како сите граѓани, вели Горан Ристевски, независен синдикат на затворска полиција,
Со иста цел, поддршка и ослободителна пресуда за полицаецот од СВР Битола попладнево се одржа и граѓански протест, почнувајќи од Офицерски дом па се до Основниот суд Битола и Основното јавно обвинителство.
-Вакви пресуди во иднина, не смее да има, ако целта на судкста власт е дацелиме кон Зимбабве, тоагш вака да тераме. Ние ќе си продолжиме со протести се до смена нивна од фотелја оти чеканчето нивно не е вечно, рече Зоран Христовски.
Пред три дена Македонското здружение на млади правници информираше за донесената одлука од каде потенцираа дека и покрај тоа што одбраната се повикувала на агресивното однесување на оштетениот спрема полициските службеници, судот ги отфрлил ваквите наводи со образложение дека ‘околноста дека оштетениот во критичниот момент бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал за што се води и кривична постапка против него за кривично дело не претставува оправдување за преземените дејствија од страна на обвинетиот и не претставуваат основ за ослободување на обвинетиот од кривична одговорност.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
