Полициските моторџии денеска низ Охрид
Моторциклистите од Меѓународната полициска асоцијација кои се наоѓаат на тура низ Македонија денеска ќе возат низ Охрид и долж источното крајбрежје на Охридското Езеро.
Повеќе од 130 моторциклисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија прво ќе го посетат туристичкиот комплекс „Свети Наум“, а во 14:30 часот ќе го започнат дефилето низ Охрид.
Стартот на дефилето е од булеварот „Туристичка“ кај „Билјанини извори“ до кружната крстосница кај „Охридска банка“ а потоа по булевар „Македонски просветители“ до градското пристаниште. За учесниците на ИПА мото средбата, предвидено е туристичко разгледување на Охрид и бродска пловидба по Охридското Езеро.
Утре во 10 часот моторциклистите продолжуваат кон манастирот „Св.Јован Бигорски“.
Посетата на Охрид и денешното дефиле е во рамките на третата ИПА-мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, со подршка на ИПА регион Охрид и СВР Охрид.
Мото средбата започна пред два дена со дефиле низ Скопје од каде моторциклистите го посетија Крушево и Битола.
Ново на Сител
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот