Балкан
3. September 2021 - 15:02

Полициски час и забрана за музика во пет делови на Грција

Рестриктивни мерки, односно полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во текот на целиот ден се воведуваат во уште три делови на Грција, а се продолжуваат во уште два региони, јави дописничката на МИА од Атина.

Од денеска, ограничувања се воведени во областите Илиа и Ахаија, што се дел од Пелопонез и на островот Икарија, а истите мерки се продолжени и во градот Ираклио на Крит и во регионалната единица Месинија.

Рестрикциите ќе бидат во сила до 10 септември во 6 часот наутро.