Полициската управа на Федерацијата БиХ ќе ги проверува наводите дали Радоичиќ набавил оружје од Тузла
Полициската управа на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФУП) ќе проверува дали се точни информациите на српското обвинителство дека Милан Радоичиќ, кој е организатор на нападот на полицијата во Косово, набавувал оружје од Тузла.
Директорот на ФУП Вахидин Муњиќ рече дека ќе провери колку се точни овие информации.
– Федералната полициска управа презема активности поврзани со проверка на наводите за тоа дали лицето Милан Радоичиќ набавувал оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ од Тузла од јануари 2023 година до 24 септември, изјави Муњиќ за сараевскиот портал Клик (klix. ба).
Тој додаде дека утре ќе побара официјална информација од Србија како дошле до тој заклучок.
– Уште утре наутро ќе побараме од властите на Република Србија да ни достават достапни информации, рече Муњиќ.
Радоичиќ беше сослушан во Белград, каде што беа изнесени сомнежи дека со повеќе непознати лица извршил кривични дела здружување заради извршување кривични дела, за недозволено производство, држење, носење и тргување со огнено оружје и експлозивни материи и тешки кривични дела против општата безбедност.
Агенцијата Бета потсетува дека при изразувањето на сомнежите, обвинителството на Србија тврди дека Радоичиќ го набавил оружјето во Тузла, во Босна и Херцеговина.
Обвинителството наведе од јануари 2023 година до 24 септември истата година, на Радоичиќ му било доставено оружје на територијата на Белград, кое го набавил од Тузла, а потоа го транспортирал понатаму во Косово.
Ново на Сител
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина
-
Поддршка за измените на Законот за надворешни работи, во второ читање, од матичната собраниска комисија