Македонија
21. May 2025 - 10:04

Полициска акција во Скопје, се тресат локации поврзани со членови на „Беланоца-Барон“

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје.

„Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминaл и корупција.

Неофицијално, се спроведуваат претреси на повеќе локации поврзани со лица осомничени за тешки кривични дела, меѓу кои и убиствата на Амар Исмани и Орхан Бајрами – Оки.