-->
-->
Полициска акција во полошко - откриeни нови дилери на наркотици
-->

Полицијата на улицата „Злате Дамјановски“ во Гостивар, вчеравечер околу 22 часот, ги лишила од слобода А.М. (37) Скопје и А.Ј. (46) кај кои е најдено и одземено е за вештачење ќесе со кокаин.
Утрово околу 1 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово, лишени од слобода се Ј.С. (48) и 34-годишната В.Т, двајцата од Тетово. Пред нивното лишување, В.Т. фрлила најлонско ќесе со кокаин, кое го имала.
Вчера околу 16 часот и 40 минути, на нива засадена со пченка во атарот на тетовското село Слатино, во месноста „Боре“, сопственост на 51-годишниот Б.Х. од ова село, пронајдени се 30 до 50 стабла, најверојатно марихуана, со различна големина од 30 сантиметри до два метри.
Пронајдените стебла се искорнати и подигнати за вештачење.
Изминатиов викенд поради соменине дека користеле и учествувале во нелегална трговија со наркотици приведени се двесетина лица, а само во септември вкупно 120 лица.
Полицијата заплени и поголемо количество наркотици, а една од поголемите заплени беше по акција на преминот „Стража“ кога беа откриени 22 килограми марихуана. Најчесто кај сторителите се откриваат кокаин и марихуана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса