-->
-->
Полицијата во Блаце во канал пронајде цел арсенал оружје
-->

Од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, денеска во селото Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршум калибар 7,62 мм.
На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје-извршен е увид и пронајдените предмети се подигнати, по што истите со Наредба од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко технички иситувања и вештачења при МВР заради изготвување на вештачење.
Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на кривичноправниот настан, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз