-->
-->
Полицијата вчера во Скопје казни над 140 возачи - најголемиот дел од нив за брзо возење
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан
-
Изминатото деноноќие 12 пожари на отворено, четири се уште активни
-
Фернандеш за асистенцијата на Роналдо: За Португалија е поважно да победува
-
Смокови му ги изеле глабите на штипјанец
-
Од утре времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109
-
Воздухопловна база во Романија наскоро ќе биде најголемата база на НАТО во Европа
-
Утрово најсвежо во Лазарополе
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 40 минути