-->
-->
Полицијата упадна во куќа во Гостивар - едно лице веднаш приведено
-->

Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во дом и други простории сопственост на В. А. од село Железна Река, каде моментално престојувал неговиот син М.А. (43) од Република Србија.
При претресот, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана. Претходно, завчера М. А. бил лишен од слобода откако при личен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, по извршени проверки било потврдено дека М. А. се бара со Меѓународна потерница од Република Србија за издржување казна затвор од осум и три години.
М. А. бил приведен во Полициска станица Гостивар, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
