Полицијата убила маж од Индијана кој пред неколку дена бил помилуван од Трамп за учество во нападот врз Капитол
Маж од американската сојузна држава Индијана беше запрен и убиен од полицијата, само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп го помилува за прекршок поврзан со нападот во Капитол во 2021 година, објави Си-Ен-Ен.
Четириесет и двегодишниот Метју Хатл од Хобарт Сити бил застрелан и убиен од полицаец од округот Џаспер во неделата, соопштија властите.
Државната полиција го истражува инцидентот и рече дека полицаецот се обидел да го уапси Хатл кога „избувнала расправија меѓу осомничениот и полицаецот, што резултирало со употреба на оружјето и смртно ранување на осомничениот“.
- Истрагата, исто така, укажува дека при застанувањето (на неговото возило), осомничениот носел огнено оружје, додаде државната полиција.
Не беа објавени други детали, а властите не кажаа што ја поттикнало сообраќајната контрола.
Хатл беше осуден на шест месеци затвор во 2023 година, откако се изјасни за виновен за неовластено влегување во Капитол.
Тој отпатува во Вашингтон со неговиот вујко за да присуствува на митинг за поддршка на Трамп на 6 јануари 2021 година.
Ново на Сител
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица