Македонија
23. April 2023 - 11:51

Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во Скопје - пронајдена бела прашкаста материја

Денес во 02.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.М.(25) и М.А.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Исто така денес во 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.