Македонија
16. July 2021 - 12:06

Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана и кокаин

На 15.07.2021 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Ф.М.(28) од Битола, бидејќи кај него биле пронајдена и одземена марихуана.

Ф.М. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Вчера околу 21.40 часот во гостиварскa Топлица, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.С.(21) од тетовско Горно Седларце, затоа што при преглед му биле пронајдени кокаин и марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.