Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана
Вчера вечер во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тајмишка“ ги лишиле од слобода А.М.(22) и А.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Александар Македонски“ го лишиле од слобода М.З.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен оодветен поднесок.
Во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Стрезово“ ја лишиле од слобода Д.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите