-->
-->
Полицијата уапси 47 годишник од скопско кој со „мерцедес“ превезувал мигранти
-->
На 02.03.2023 во 21.20 часот кај Криволак, полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Б.Г.(47) од с.Волково, скопско. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 6 лица мигранти (3 од Пакистан, 2 од Сирија и 1 од Египет).
Претходно, во 20.30 часот возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, но не застанало на даден знак за запирање.
Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат, но биле фатени. Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
