Полицијата спречи обид за самоубиство во Охрид
Четворица службеници од СВР – Охрид денеска спречија жена да скокне од петти кат на зграда на булеварот „Туристичка“.
Како што соопшти СВР – Охрид, четворица полицајци интервенирале по дојава на жител на Охрид, кој го пријавил случајот на полицијата како обид за самоубиство. Акцијата за спасување на жената траелa речиси цел час, во зграда во изградба на пресекот на „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Претходно било извршено обезбедување на подрачјето околу зградата и преземени мерки за спречување на лицето во обидот за самоубиство.
Прво двајца од полицајците иницирале разговор со лицето, а истовремено другите двајца внимателно се приближиле до жената и во соодветен момент реагирале и ја одвлекле жената од неоградената тераса.
Станува збор за жена на возраст од 41 година, која безбедно била спуштена на приземјето и предадена на екипа на Службата за Итната медицинска помош од Охрид.
За акцијата претходно бил известен јавниот обвинител кој бил запознат со намерите на полициските службеници како и со исходот од преземените мерки
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска – Давкова ја заврши работната посета на САД
-
Мицкоски: Од Обвинителството не сум задоволен, сите поврзани со „Пулс“ треба да бидат изнесени пред лицето на правдата
-
ТАВ Македонија: Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт
-
Кривичен до петок ќе го оцени обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-
Католичката црква: Света Мајка Тереза е светица на нашата црква, зарем ваков однос заслужи од своите сограѓани?
-
Симптоми на труење од храна од штипската сендвича имаат 15 лица, резултатите ќе се објават најдоцна утре
-
Уапсени две лица од Трубарево, палеле кабли во парк во Аеродром
-
Изминатиот викенд лишени од слобода пет возачи, а санкционирани 296 возачи за брзо возење