Македонија
12. December 2018 - 12:18

Полицијата се уште не ги открива мотивите за убиството: Момчето на монструозен начин ја убило бабата

Дваесет годишното момче кое пред два дена си ја уби бабата во скопско Драчево заврши во притвор.
 
ОЈО побара притвор а судија му додели 30 дена откако е востановено дека се исполнети законските основи.
 
30 дена ќе биде во притвор 20-годишното момче бидејќи надлежните органи преценија дека осомничениот може да избега или да го повтори делото.
 
Истрагата е во тек а осомничениот ќе се гони за убиство бидејќи со умисла и го одзел животот на својата баба . Како што соопштија од ОЈО , момчето и нанело неколку убодни рани со нож а потоа во пределот на вратот и нанел засецна рана која била пресудна за смртта.
 
Осомничениот убиец во полиција се пријавил сам .