-->
-->
Полицијата пронајде семе од канабис и кокаин кај двајца охриѓани
-->
Двајца охриѓани лишени од слобода поради поседување на кокаин и семе од канабис.
На 27.10.2020, при претрес извршен во стан во Охрид, што го користел Г.Ц.(39) од охридското село Подмолје, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа семки од растението канабис и марихуана. Г.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 27.10.2020 во 19.15 часот, во близина на деловен објект лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен врз Т.Р.(29) од Охрид, кој бил во патничко возило „пежо 206“, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок
-
Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците
-
Поевтинуваат горивата