-->
-->
Полицијата приведе гостиварец осомничен за криумчарење десет мигранти
-->
Полицијата денеска во 13.45 часот лишила од слобода гостиварец осомничен за кривично дело „криумчарење мигранти“ зашто во возилото што го управувал открила десет мигранти.
Како што соопшти Министертството за внатрешни работи во дневниот билтен, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ го лишиле од слобода Д.С. од Гостивар кај место викано „Одморалиште“ на автопатот „Пријателство“.
При контрола во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле пронајдени шест лица од Сомалија, тројца од Сирија и еден од Пакистан.
-За случајот е известен Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток