Полицијата презема мерки за расчистување на случајот со вевчанскиот лекар
Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки по насока на надлежното Јавно обвинителство за расчистување на случајот со лекар од Вевчани, кој, според гласините лекувал пациенти без соодветна диплома.
– По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштиja денеска СВР Охрид.
Директорот на Здравствен дом Вевчани Јован Стојковски, во изјава за МИА посочи дека истрагата е во тек и оти не сака да го коментира случајот.
– Истрагата е во тек, оставам полицијата да си ја заврши својата работа и да излезе со детали, изјави Стојковски.
Според информациите, за кои се зборува во Вевчани, вработен во Здравстве дом лекувал пациенти со лажни документи дека е лекар. Тој бил ангажиран во установата од 2016 година со договор на дело, а по две години трансформиран во вработен на неопределено време.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
