Полицијата откри мигранти во возило на кумановец
Мешан полициски тим од ГП „Богородица“ и Република Хрватска вчера откри мигранти од Авганистан кои ги превезувал Ф.Ј. (20) од Куманово.
По претходна дојава во 17,20 часот дека на автопатот во близина на село Смоквица во неколку возила се превезуваат мигранти, мешовит патролен тим составен од униформирани полициски службеници од ПС од за ГП и ГН Богородица и Република Хрватска, се упатил кон местото, по што откако пристигнале на местото викано „Станица Клисура“ било запрено патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Ф.Ј.(20) од Куманово, кој се дал во бегство но по кратко време бил фатен од страна на полициските службеници, додека останатите возила продолжиле да се движат накај Демир Капија.
Во возилото се откриени пет илегални мигранти од Авганистан, кои се приведени во ПС-Неготино.
Околу 18,00 часот од страна на полициска патрола во реонот на село Клисура, односно на околу два километри над селото во планински предел, пронајдени биле празни три возила во кои предходно се превезувале мигранти.
Се работи на откривање и пронаоѓање на возачите кои ги управувале возилата, а против Ф.Ј. по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соответен поднесок.
Ново на Сител
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија