Македонија
14. July 2015 - 17:07

Полицијата откри 10 странски државјанки во ноќен бар во тетовско, девет од нив се Србинки

10 странски и три македонски државјанки во текот на викендов затекнати како незаконски работат во ноќен бар лоциран на регионалниот пат Тетово- село Сараќино.

Девет од нив се од Република Србија на возраст од 21 до 30 години, една 20-годишна девојка од Република Албанија, додека трите Македонки се на возраст од 36, 32 односно 37 години, информираат од МВР.

Лицата се приведени и задржани во СВР Тетово за расчистување на случајот,  по што против 7 странски државјани се поднесени барања за поведување прекршочна постапка. Од страна на Основниот Суд Тетово им е одредена парична глоба и мерка забрана за влез во земјава во времетраење од 1 година.

Против сопственикот на објектот по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, додека против 34-годишниот сопственик на угостителскиот објект од Прешево, Србија, кој бил затекнат во објектот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено дело "помагање за илегално преминување на државната граница" на две странски државјанки.

Данијела Петковска