Полицијата на ЕУ ја зајакнува контролата на патиштата

Летните одмори се во тек, но возачите треба да се воздржат од брзо возење оваа недела бидејќи сообраќајната полиција низ ЕУ врши дополнителни проверки.
Роудпол – мрежата на сообраќајната полиција на блокот – ја спроведува својата годишна кампања против пребрзо возење, за која тврди дека е најголема во светот „во однос на вкупниот број вклучени полициски професионалци и проверки на возачите“ и има за цел да ги намали смртните случаи во сообраќајот, пишува Политико.
Во 2018 година, ЕУ вети дека ќе ги намали смртните случаи на патиштата за 50 отсто до 2030 година, но само неколку земји-членки се на пат да ја исполнат таа цел.
Минатата година, смртните случаи на патиштата се намалија за само процентен поен, со 20,400 смртни случаи.
Смртните случаи во сообраќајот во Шпанија, Франција и Италија стагнираат од 2019 година, покажуваат податоците на Евростат, додека тие се зголемени во Холандија, Словачка и Шведска.
„Чувството на неказнивост кај некои возачи, кои веруваат дека прекршоци за брзо возење нема да бидат пријавени во нивните матични земји, поттикна интензивни напори во оваа област“, рече Ернесто де Лусија Мембрило де Новалес, шпански полицаец, во соопштението за печатот.
Безбедносните проверки се вршат низ земјите членки, почнувајќи од 5 до 11 август. Поудпол регистрира повеќе од 650,000 прекршоци за брзо возење за време на својата кампања лани.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
