Полицијата ќе се грижи за почитување на мерките на Литијата во Струга
Одделението за внатрешни работи – Струга ги презеде сите неопходни мерки за безбедносно одвивање на струшката Литија, што утре од 15 до 19 часот ќе се одржи во чест на празникот „Свети Георгиј Победоносец“, со строго придржување до превентивните мерки и препораки за заштита на населението од Ковид-19.
СВР Охрид соопшти дека во периодот од 4 до 6 мај годинава, претставници на полицијата одржале работни состаноци со претставници на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга.
– На средбите беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од коронавирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на Литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење социјална дистанца и носење заштитни маски, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Црковните претставници кои биле во постојан контакт со МПЦ-ОА, како што посочи, информирале за планираните активности пред и за време на одржувањето на Литијата, кои целосно се во согласност со сетот превентивни мерки и нагласиле дека Литијата ќе биде составена од локалното свештенство и монаштво. Претставниците од црквата, додаде Димоски, посочиле дека ќе бидат ангажирани црковни лица и претставници на агенција за обезбедување, со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан.
-ОВР Струга изготви оперативен план и утре ќе изврши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Свети Ѓорѓи“, како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија и нема да дозволи групно движење зад поворката. ОВР Струга апелира до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од Ковид-19, истакна Димоски.
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
