Полицијата казни 146 возачи на територијата на градот Скопје, 10 од нив возеле без возачка дозвола
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за непочитување на првенство на минување.
Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта
Ново на Сител
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори