Полицијата ја деблокира Подгорица

Црногорската полиција денеска ги деблокираше влезните и излезните патишта до и од Подгорица, кои вчера беа блокирани од приврзаниците на опозицискиот Демократски фронт (ДФ).
Сообраќајот во Подгорица утрово е нормализиран, по еднодневна блокада на црногорскиот главен град поради ненајавени протести на противниците на Законот за вероисповед, кој утрово беше усвоен во црногорскиот Парламент во услови на засилени тензии, инциденти и апсења на пратеници на ДФ.
Локалните медиуми јавуваат дека во главниот град на Црна Гора е мирно, а свештенството на Митрополијата Црногорско-приморска на СПЦ и неколку стотици приврзаници на црквата, кои од вчера во знак на протест се собраа на една од главните градски улици, утрово си заминаа после гласањето во Собранието.
Во полицијата се уште се сослушуваат 18 пратеници на ДФ кои беа уапсени по синоќешниот инцидент во Собранието на Црна Гора, пред донесувањето на Законот за слобода на вероисповед.
Полиција нема ниту покрај Парламентот, претседателство и владините згради. Редовната годишна средба на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ со бизнисмени, која требаше да се одржи во 11 часот, е одложена, а Парламентот ќе ја продолжи својата работа во 14 часот со расправа за други предлог закони.
Ново на Сител
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
