Полицијата изврши претрес кај 75 годишник во Љубанци, пронајдени оружје и муниција
На 12.04.2022 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(75) од с.Љубанци.
При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел “Lightning by Barnett”, четири стрели за самострел.
Д.К. е лишен од слобода, приведен и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
