Балкан
9. April 2016 - 20:08

Полицијата изведе контролирана експлозија во Истанбул

Турската полиција денеска предизвика контролирана експлозија на плоштадот Таксим во Истанбул.

Полицијата ја блокира популарната туристичка дестинација во Истанбул.

Експлозијата е изведена само неколку часови откако Амбасадата на САД во Турција ги предупреди своите граѓани дека има сознанија за реални закани во туристичките зони во Истанбул и во јужниот град Анталија.   

Израел синоќа издаде предупредување во кое ги повика своите граѓани да не ја посетуваат Турција или „да ја напуштат што е можно побрзо“ порадо непосреден ризик од напади, посебно на туристичките места.