Македонија
29. January 2022 - 16:37

Полицијата и ДПИ во полноќна акциска контрола

Полицијците и инспекторите имале долга ноќ. Од полноќ до 04 наутро извршиле над 340 контроли, педестина од нив биле заеднички. Пазарните инспектори затвориле два објекти, еден во Гевгелија, еден во скопски ценар каде што имало невакцинирани гости.

Конторли освен во Скопје и Гевгелија, имало и во Тетово, Гостивар и Битола. Најголем дел од канзите се пишани затоа што гостите пушат во затворениот дел од угостителските објекти.

Во акциите ноќеска, полицајците привеле 3 лица кои продавале дрога, сите се од Скопје. Затекнале 56 малолетници во кафулињата што е спротивно на закон, а во Велес за сопстевник на угостителски објект ќе има и кривична одговорност затоа што малолетниците пиеле алкохол. Неколку лица за време на конторлите биле агресивни се обиделе и да се пресметаат со полицајците, и за нив има соодветни поднесоци.