Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино

Полицијата го пронајде возачот на камионот кој пред два дена прегази жена на регионалниот пат село Пепеплиште – Неготино и побегна од местото. Жената почина на лице место.
„По преземени мерки и активности, на 04.12.2024 полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, неготинско. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото. Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“ соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна еки од ОВР Неготино.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
