Македонија
4. December 2018 - 13:57

Полицијата ги претресе домовите на тројца скопјани, поради пронајденото заработија кривични пријави

СВР Скопје поднесе две кривични пријави против В.М.(21) и З.Т.(38), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против С.Ч.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. 

На 30 минатиот месец полициски службеници извршиле претреси во домовите на пријавените и биле пронајдени пиротехнички средства, боеви куршуми, гасен пиштол и 28 куршуми за гасен пиштол.

Кај третопријавениот била пронајдена и одземена кеса со марихуана.