Балкан
28. July 2018 - 10:23

Полицијата деактивираше бомба во Подгорица: Пронајдена е во стан на криминалец при претрес

Подгоричката полиција деактивираше експлозивна направа пронајдена во стан во зграда во Стар Аеродром, кој наводно го користел 20-годишниот Лука Булатовиќ од Подговрива, припадник на една организирана криминална група.

Како што се дознава, Булатовиќ е уапсен вчера, а полицијата по апсењето го претресла станот кој го изнајмувал.

Според неофицијалните информации, полицијата евакуираше два влеза од зградата во Аеродромска улица во текот на увидот.