Полицијаците вршеа претрес - приведени 7 лица од Скопје кај кои била пронајдена марихуана
Седум скопјани биле приведени вчера во Скопје откако по извршен претрес, полициски службеници кај нив пронашле марихуана.
Вчера во 14:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тодор Александров“ ги лишиле од слобода Е.Д.(28) и Е.М.(28), двете од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Попладнето во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Руѓер Бошковиќ“ ги лишиле од слобода К.К.(24) и 16-годишник, двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Подоцна во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Народен фронт“ го лишиле од слобода В.Р.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вечерта во 21:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода А.Ш.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Синоќа во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“ го привеле В.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори
-
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
-
Приведено лице од Битола за изнуда
-
Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
-
Велосипедист застрелал 18-годишно момче во Чаир
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија
-
Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи