Македонија
5. јуни 2022 - 14:42

Полиција влезе во струмичка дискотека: Имало малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари

Полициска активност реализирана на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица каде што се детектирани повеќе неправилности во работењето. Така, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност, и по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции.

Од страна на полициските службеници беа извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.