Полицајци затекнале морничава глетка по пријавено пукање во Демир Хисар
Вистинска морничава слика вчера можела да се види во Демир Хисар. Во 11 часот и 35 минути во полиција се јавил 52-годишниот С.Д. од селото Белче, демирхисарско, претседател на ловно друштво ЗЛ„Долина на мечките“, и пријавил дека кај местото „Колитатков дол“ во атар на селото Железнец, слушнал повеќе истрели од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото при што биле затекнати Д.Т. и Д.М. ,шумски полицајци, а на различни локации на растојание од 2-2,5 километри пронајден бил отстрелан дивеч.
Една срна била пронајдена во близина на службено возило „Лада Нива“, дива свиња пронајдена била во дол и на околу 150 метри од неа пронајдени се шест мртви прасиња.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а пронајдениот дивеч со записник бил предаден на ЗЛ„Долина на мечките“-Демир Хисар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Поскапуваат горивата
-
Пожар во угостителски објект во Лисиче, сопственикот пренесен во болница
-
Ограбена аптека на Бит Пазар, крадецот се заканувал со нож кон вработената
-
Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време
-
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал куршуми
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО