Полицајци пукале во воздух откако биле нападнати во тетовска Шипковица
Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена.
При акцијата слобода се лишени А.М. (40) и Л.М. (39) од тетовско Гајре, кои на 11 и 13 овој месец биле пријавени од две лица од Гајре и Шипковица дека им барале пари и им се заканувале, а на жителот од Шипковица му одзеле и добиток.
– При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
