Полицајци и родители ќе патролираат во охридските кафулиња
Полициски службеници и родители вечер ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид во рамки на проектот „Мешани патроли“.
СВР Охрид соопшти дека заедно со родителите кои доброволно се пријавиле да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе има и претставници на локалната самоуправа, основните и средните училишта, училишните одбори, претседатели на урбани заедници, советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми.
- Тоа е можност родителите да видат каде и во какви услови младите се забавуваат, кои угостителски објекти најчесто ги посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични состојби и во најдиректен разговор со угостителите и полициските службеници да добијат изворни информации каков е амбиенот во локалот, што е карактеристочно за тој локал, кои се проблемите со кои и локалите и младите се соочуваат, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Целта на проектот „Мешани патроли“ е зголемување на степенот на безбедност, намалување на можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, подигање на општествената свест за нивно одговорно однесување и почитување на законската регулатива, преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна
-
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК
-
За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар