Македонија
11. July 2015 - 17:35

Полицајци и лекари ги едуцираа младите за побезбеден ноќен живот

Аеродром вчера вечер беше под полициска опсада.Полицајците заедно со лекарите делеа едукативни флаери пред ТЦ Бисер. Одбери здрав живот и кажи не за дрогата, цигарите и алкохолот.

Совети и препораки за подобро здравје, им укажуваа на граѓаните кои се последиците од овие пороци.Родители, деца и млади сите беа пријатно изненадени од  начинот на кој надлежните им пристапија додека се рекреираа и забавуваа во вечерните часови.

Младите признаваат, овие генерации се најлесно заводливи и подложни на разни пороци. Велат среќа што спортот е повеќе достапен па  имаат голем избор како ќе го потрошат слободното време. Флаери беа поделени и по кафулињата каде за викенд е и најраздвижено.

По средбата со аеродромци, кампањата на МВР и здравствен дом Скопје продолжува со активностите и во останатите општини, трговски центри, дискотеки и паркови.