Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.З. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место виш полицаец, помошник дежурен во Полициската станица Кичево, во просториите на Полициската станица Кичево физички нападнал повикано лице на 04.08.2025 во период кога бил на своето работно место.
Имено, Д.З. неовластено употребил сила со намера да му нанесе на друго лице физичка или душевна болка или страдање.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.
Ново на Сител
-
СВР - Велес со детали за убиството во Кавадарци
-
Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци
-
Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз
-
Трамп: Ќе воведам економски санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на прекин на огнот
-
Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија
-
Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица започнува одбележувањето на големиот христијански празник
-
Лондонската Метрополитен полиција обвини 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци