Полицаец се заканувал: „Сите ќе ве убијам ако ќерка ми не положи за возачка“
Во 13 часот во Полициска станица Кавадарци, 41-годишната С.Н. од Кавадарци вработена како Претседател на испитен центар во „Здружение на возачи“-Велес, и 34-годишниот Ц.П. од Неготино вработен како контролор за полагање на возачки испит при испитниот центар, пријавиле дека околу 12 часот во службените простории на испитниот центар лоциран на улицата „Тиквешко Востание“-Кавадарци, дошол Ј.К. кој инаку е полициски службеник во Полициска станица Кавадарци и почнал да упатува закани кон нив.
Полицијата информира дека причина било тоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит.
Ј.К. пред да излезе од канцеларијата се заканил на С.Н. и Ц.П. дека ќе ги убиел со пиштол нив и останатите од комисијата, доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит, по што излегол од канцеларијата. За кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал, но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие.
По превземени мерки од Ј.К. со потврда за привремено одземени предмети одземено му е службеното оружје и муниција. Против истиот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став 3 од КЗ на РМ.
За настанот запознает e Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди кои преземаат соодветни мерки.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија