Полицаец од Охрид им се заканувал на колеги

Полициски службеник од ПС за БПС-Охрид синоќа во ресторан во охридското село Косел им се заканувал и упатувал навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид.
МВР соопшти дека С.С., кој бил во униформа, за време на извршување на работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник седел на една од масите и конзумирал алкохол и во еден момент од џебот од униформата извадил повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18.11.2016 година. Притоа гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон лица вработени во СВР Охрид.
- Причина за заканите и навредите била да се наруши интегритетот, угледот, честа и достоинството на пријавителите како повисоки раководни лица во СВР-Охрид, со што кај нив предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност. За настанот е запознат Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, информира МВР.
Ново на Сител
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
