Полицаец од Неготино свесно пропуштал криумчари на мигранти и им кажувал каде има полициски патроли
ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик“, известуваат од СВР Велес.
„По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал. Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал“, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Надлежните додаваат дека на С.К. му била одредена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен