Македонија
31. March 2022 - 16:54

Полицаец и вработен на бензинска во Полициски центар се обиделе да украдат 150 литри нафта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М., полициски службеник и Д.Ј., вработен како ракувач на бензинска пумпа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик.

Пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 28.03.2022 се обиделе да изнесат околу 150 литри нафта, но биле спречени во намерата. Н.М. и Д.Ј. ќе бидат суспендирани од работните места.