Поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година
Поларните мечки ќе бидат истребени до крајот на овој, 21. век, ако не се направи нешто повеќе за борба против климатските промени, посочуваат новите научни истражувања.
Стручните лица тврдат дека некои групи веќе ги достигнале границите на опстанокот затоа што морскиот мраз на Арктикот се намалува. Испитувањата и досега покажаа дека опаѓањето на ледот, веројатно, ќе го намали бројот на поларни мечки, но новиот труд објавен во списанието „Нејчр клајмет чејнџ“ (Nature Climate Change) открива и кога тоа би можело да се случи.
Со моделирање на употребата на енергијата на поларните мечки, научниците ги пресметале границите на издржливост на овие животни. Според сценариото со високи емисии на штетни гасови и со ефектот „стаклена градина“, многу веројатно е дека сите групи поларни мечки, освен мал број од крајниот север, ќе исчезнат до 2100 година. Дури и ако се исполнети само основни услови за намалување на емисијата гасови, бројот на овој животински вид значително ќе се намали.
– Поларните мечки веќе се „на врвот“ на светот. Ако мразот исчезне, тие нема каде да одат, вели д-р Стивен Амструп, водечки научник во овие испитувања.
Тој објаснува дека прво, мечките ќе останат без младенчиња… Тие ќе се раѓаат, но женките нема да имаат доволно телесни масти за да произведат млеко. Месојадците се потпираат на морскиот мраз на Арктичкиот океан за да ловат фоки. Како што мразот се топи, животните се принудени да изодуваат сѐ подолги растојанија за да најдат храна и за себе и за своите млади…
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури