-->
-->
Пола Аеродром цел ден оставен без вода
-->

Голем дел од жителите на општината Аеродорм цел ден се без вода во своите домови. Од утрово од 09:00 часот започнала интервенцијата на Водовод која требало да трае неколку часа, но и вечерва во оваа скопска општина немаат вода. Според информациите кои ги добивме од наши гледачи се работи за проблем кој го имаат жителите на булеварот АСНОМ.
- Од утрово добивме информација дека ќе има интервенција која ќе трае неколку часа. Јас се јавив попладнето откако се вратив од работа за да побарам одговор, но од Водовод ми рекоа дека вода ќе добиеме за еден час. По еден час пак се јавив ми рекоа дека работат и дека најдоцна до 19:00 ќе имаме вода. Но, ете решение нема, вели Горан Стојанов жител во една од станбените згради на булеварот АСНОМ.
Жителите на овој дел од градот се револтирани бидејки често имаат проблеми со водата која ја плаќаат но не ја добиваат во своите домови.
Од Водовод потврдија дека делови од општината Аеродорм повеќе од 12 часа немаат вода за пиење. Според информациите од претпријатието се работи на промена на седум затворачи од Ф150 од кои пет биле во шахта, а два надвор од шахта на повеќе локации. Најавите од Водовод се дека во текот на ноќта жителите на овој дел од градот ќе добијат вода. Од претпријатието велат дека промената на затворачите се врши со цел спречување на вакви проблеми во иднина, односно при интервенција од системот да бидат исклучени што помал број на корисници наместо цела населба. Планот бил да се спроведе промена на затворачи низ цело Скопје.
Иван Кузмановски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време