Пол Сорвино: Би го убил Харви Вајнстин
Пол Сорвино, татко на оскаровката Мира Сорвино, изјави дека „би го убил“ продуцентот Харви Вајнстин.
- Ќе оди в затвор. Тој кучкин син. И подобро е така, оти ако го сретнам некаде, би го убил, рече холивудскиот ветеран.
Сорвино, кој е познат оперски пејач и глумец во редица гангстерски филмови, признава дека не знаел оти Вајнстин намерно ја држел ќерка му далеку од поголемите проекти во кои имала шанси.
- Да знаев за тоа, тој сега не би можел да оди. Мојата ќерка е прекрасна личност, храбра и неверојатна и не го заслужи она што таа свиња и го направила. Но, правдата ќе го стигне. Ќе умре в затвор, а ако не, имам лоши вести за него. Мислам, „би го решил“, ништо страшно, рече Сорвино иронично.
Инаку, се почна со изјавата на режисер Питер Џексон, дека Вајнстин се заложил Мира Сорвино да не добие улога во трилогијата „Господар на прстените“.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро