Пол позиција за Леклер, Перез најбрз на спринтот
Шарл Леклер по трет пат во серија ја освои пол позицијата за ГН на Азербејџан од шампионатот во Ф-1.
Возачот на Ферари беше за нијанса побрзо од возачите на Ред Бул, заврши со време од 1:41,697.
На второто место се пласира Перез, пред Ферстапен, Расел, Саинц, Хамилтон, Албон, Алонсо, Строл и Норис кој е последен во топ десет.
Денеска во спринтот најдобар беше Перез. Мексиканецот започна од второто место и до првата позиција дојде во осмиот круг во кој го мина Леклер. Со овој триумф Перез освои осум бода или поточно еден и два повеќе во однос на второпласирнаиот Леклер и актуелниот првак Макс Ферстапен.
Останатите возачи кои добија поени се Џек Расел (пет поени), Карлос Сајнц петти (четири), Фернандо Алонсо шести (три), Луис Хамилтон седми (два) и Ланс Строл осми (еден поен).
Главната трка за ГН на Азербејџан, ќе се вози утре од 13 часот.
Ново на Сител
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина
-
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
-
30 години од атентатот врз Глигоров
-
Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја | ФОТО
-
Разрешен судијата Беџети