Поквалитетен планински туризам во Маврово

Организирање подобри и поквалитетни планински тури со локални, едуцирани и обучени водичи кои најдобро ги познаваат патеките и природните богатства на Националниот парк Маврово, е целта на Договорот што денеска го потпишаа директорот на Националниот парк Маврово Онер Јакуповски и претседателот на Здружението на водичи во планина „Апленд Доживување“ Фејсел Идризи.
Договорот воедно предвидува можности за отворање нови патеки и креирање нови туристички содржини што би превлекло поголем број туристи. Со него, покрај ексклузивното право за користење на детската патека Бунец на која ќе се организираат и спроведуваат детски планински тури, „Апленд Доживување“ доби право и за користење на планинарските патеки, а се обврза и да ги одржува и да се грижи за сигнализацијата заедно со вработените во Националниот парк Маврово.
- Со овој Договор, влегуваме во партнерски однос со кој на планинските туристи во Маврово ќе им понудиме подобро одржувани и подобро означени патеки, но и подобри услуги од обучени и локални водичи од здружението. Се надеваме дека со оваа соработка ќе се зголеми квалитетот на планинските тури во Маврово, но исто така ќе се зголеми и бројот на планински туристи, изјави Јакуповски.
Договорот, додаде, претставува нов почеток - спроведување на законските обврски предвидени за едно вакво заштитено подрачје од една страна, и од друга, поттикнување на приватниот сектор преку системски уредена обврска да се реши начинот на водење туристи во Маврово.
- Овој Договор е од големо значење и со него, се надевам, ќе овозможиме подобра соработка и подобри услови за идните туристи, рече претседателот на здружението на водичи во планина „Апленд Доживување“ Идризи.
Според него, Договорот значи интензивирање на соработката меѓу водичите и одговорните за Националниот парк што ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите за планинските туристи.
Туристичкиот информативен центар на Национален парк Маврово ќе адаптира работен простор за состанување и континуирана работа на групата за менаџмент на дестинација од Маврово. Сите работни алатки и мапи на проток на туристи ќе бидат поставени и видливи за сите што имаат предлог-идеи за развој и подобрување на туристичката услуга во Маврово. Инфо центарот на Национален парк Маврово ќе биде точка каде туристите и бизнисите ќе може да се информираат за плановите за сезоната, календарот на настани во сезона, плановите за развој на активниот туризам и што од ова е веќе достапно во Националниот парк.
Годинава, скијачката сезона во Маврово беше отворена на 14 јануари и вторпат бизнисите подготвија календар на настани кој може да се види на социјалните мрежи, флаерите во магазините и банерите.
Соработката меѓу Националниот парк Маврово и Апленд почна со отворањето едукативната детска патека во Маврово.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
